Фон дер Лајен ги откажа планираните патувања за следните две недели поради пневмонија
- Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, ги откажа сите планови за патување во следните две недели, бидејќи се разболе од тешка форма на пневмонија, јави ДПА.
Брисел, 3 јануари 2025 (МИА) - Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, ги откажа сите планови за патување во следните две недели, бидејќи се разболе од тешка форма на пневмонија, јави ДПА.
-Претседателката ги откажа надворешните состаноци за првите недели од јануари, рече портпаролот на ЕК.
Меѓу откажаните состаноци се планираниот говор во Лисабон и патувањето во полскиот приморски град Гдањск по повод преземањето на Полска со претседавањето со Советот на ЕУ.
Посетата ќе биде презакажана за подоцнежен датум, рече портпаролот, додавајќи дека Фон дер Лајен ќе ги извршува своите „службени должности“ од централниот германски град Хановер.
-Доколку се биде добро, претседавачката ќе биде целосно закрепната до средината на месецот, прецизира тој.
Таа потоа ќе се врати на работа во нејзината канцеларија во зградата на Европската комисија во Брисел. 66-годишната Фон дер Лејен е на чело на ЕК од 1 декември 2019 година. мс/
фото: ЕПА