• понеделник, 08 јули 2024

Фолксваген доби понуда за 7,5 милијарди евра да го продаде Ламборџини 

Фолксваген доби понуда за 7,5 милијарди евра да го продаде Ламборџини 
Лондон, 26 мај 2021 (МИА) - Комапнијата Фолксваген доби понуда вредна 7,5 милијарди евра за преземање на Ламборџини од страна ма англиско-швајцарски конзорциум, и покрај тврдењата на германскиот производител на возила дека марката „не се продава“, објави британскиот неделник Автокар. Швајцарската групација Квантум (Quantum) минатиот месец испратила  необврзувачка понуда за преземање до групацијата Фолксваген.  Новоотворената холдинг-компанија, со седиште во Цирих, формираше конзорциум со инвестициската фирма Центрикус од Лондон за споменатата потенцијална аквизиција. Претседателот на групацијата Фолксваген, Херберт Дис и претседателот на Ауди, Маркус Дисман, потврдија дека добиле понуда за купување на Ламборџини. Автокар добила копија од понудата заедно со други доверливи документи. Во ноември минатата година, Фолксваген почна да подготвува стратешки опции за Ламборџини и за Дукати, при што се спомнуваше можна инцијална јавна понуда или продажба. ми/

Остани поврзан