Фолксваген го продаде сиот имот во Русија
- Германскиот производител на автомобили Фолксваген ја заврши продажбата на својот имот во Русија, се наведува во соопштението на оваа компанија.
Берлин, 19 мај 2023 (МИА) - Германскиот производител на автомобили Фолксваген ја заврши продажбата на својот имот во Русија, се наведува во соопштението на оваа компанија.
Завршена е продажбата на уделот во руската групација Фолксваген, вклучувајќи ги и подружниците, се додава во соопштението.
Продадена е и фабриката за автомобили во градот Калуга.
Руски медиуми претходно оваа недела соопштија дека Фолксваген добил одобрение од властите во Москва да го продаде својот имот во Русија за 125 милиони евра на руската компанија Авилон.
Германскиот производител на автомобили е активен во Русија долго време и отвори фабрика во Калуга во 2007 година. ссм/