• вторник, 14 мај 2024

Фолклористите од „Ацо Ѓорчев" Неготино на меѓународен детски фолклорен фестивал во Турција 

Фолклористите од „Ацо Ѓорчев
Неготино, 22 април 2023 (МИА) - Фолклористите од Фолклорниот ансамбл „Ацо Ѓорчев" од Неготино учествуваат на меѓународен детски фолклорен фестивал, во градот Чанаккале, Турција.  
 
- Фестивалот се одржува од 21 до 25 април. На него учествуваат деца од 10 до 14 години. Покрај нашето друштво, учествуваат и дечиња од Ансамбл Студио Фолклор од Скопје, како и дечиња од повеќе држави, членови на фолклорни ансамбли, како од Турција, Бугарија, Црна Гора, Украина, БиХ и други, вели претседателот на ансамблот и кореограф, Горан Трајков. 
 
Тој нагласува дека ,,Ацо Ѓорчев" е расадник на фолклорни таленти, амбасадор на македонскиот фолклор, со бројни учества на настани во земјава и странство. свд/дма/
 
Фото: Ансамбл ,,Ацо Ѓорчев"

Остани поврзан