Флик: Освојувањето на Лигата на шампионите е најтешката работа, но Барселона може да го направи тоа
- Тренерот на Барселона, Ханси Флик, се осврна на победата над Бенфика, синоќа со 3:1 во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Барселона, 12 март 2025 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханси Флик, се осврна на победата над Бенфика, синоќа со 3:1 во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите.
- Среќен сум бидејќи покажавме респект кон Бенфика. Бенфика е многу добар тим и нивниот тренер заврши фантастична работа. Навистина ја почитувам играта што ја одиграа денес. Ја контролиравме топката, ја контролиравме играта и мислам дека можевме да постигнеме уште неколку голови. Но, во секој случај, многу сум среќен што стигнавме до четвртфиналето. Ова е најтешкиот турнир за освојување, но можеме да го направиме тоа. Играчите веруваат во она што го правиме и што можеме да постигнеме. Но, мојата работа е да останам смирен и да размислувам само за тоа што не чека на секој следен натпревар, изјави Флик за сајтот на УЕФА.
Во четвртфиналето на Лигата на шампионите, Барселона ќе игра со победникот од натпреварот Борусија - Лил (прв натпревар - 1:1). зс/
Фото: ЕПА