• петок, 22 ноември 2024

ФК Барселона ја продолжи соработката со Најк

ФК Барселона ја продолжи соработката со Најк

Барселона, 9 ноември 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски гигант Барселона и компанијата за спортска опрема Најк потпишаа нов договор за соработка.

- ФК Барселона и Најк, два водечки бренда во спортската индустрија, со задоволство објавуваат нов почеток со повеќегодишен договор за партнерство, кој започнува да важи оваа сезона, кој носи нов колаборативен стратегиски модел на партнерство меѓу двете организации. Ова ново партнерство го консолидира „Nike“ како главен партнер на клубот и официјален технички партнер во сите професионални и аматерски тимови, донесувајќи уникатен модел кој ја зајакнува асоцијацијата на брендовите и го поттикнува глобалниот раст на малопродажбата и лиценцирањето на бизнисот, објавено е на официјалниот сајт на каталонскиот клуб.

ФК Барселона и Најк го потпишаа својот прв спонзорски договор во 1998 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан