• понеделник, 23 декември 2024

Фич ги намали можностите за девизно задолжување на Јапонија на „негативни“

Фич ги намали можностите за девизно задолжување на Јапонија на „негативни“
Њујорк, 29 јули 2020 (МИА) - Рејтинг агенцијата Фич ги ревидираше денеска можностите за долгорочно задолжување на Јапонија во странска валута од „стабилни“ на „негативни“, наведувајќи во образложението остар пад на домашната економија како последица на коронавирусот. - Пандемијата на коронавирусот предизвика силен пад на јапонската економија, иако земјата на почетокот имаше успех во спречување на заразата, соопшти Фич. Агенцијата ја потврди оценката на кредитниот рејтинг на Јапонија на „А“. Се предвидува дека јапонската економија во вториот квартал ќе забележи голем пад, бидејќи здравствената криза ја погоди глобалната побарувачка, а вонредната состојба во земјата од средината на април до крајот на мај ги забави потрошувачките и деловните активности. Иако Владата во Токио ги укина вонредните мерки, неодамнешниот раст на бројот на новозаразени лица би можело да изврши нов притисок врз економијата. Фич проценува дека третата по големина светска економија во 2020 година ќе се намали за пет отсто, а следната година ќе забележи закрепнување за 3,2 процента. гт/

Остани поврзан