• петок, 22 ноември 2024

Финансиска поддршка за санација на кровови на станбени згради за колективно домување

Финансиска поддршка за санација на кровови на станбени згради за колективно домување

Кавадарци, 20 март 2024 (МИА) - Општина Кавадарци денеска објави јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување. На јавниот повик може да се пријават заинтересирани сопственици на заеднички делови од  колективни објекти за домување. 

-Финансиската поддршка за реконструкција на кровови и кровни покривачи е насочена кон замена на постоечки азбестни салонитни покривачи со еколошки, на колективни станбени објекти, под услови опишани во јавниот повик, информираа од локалната самоуправа.

Оттаму соопштија дека проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од буџетот на Општината, во висина од 30 отсто од вкупниот износ на инвестицијата, но не повеќе од
500.000,00 денари по апликација.

Секретарот на кавадаречката локална самоуправа, Тодор Ефремов потврди за МИА дека буџетот за оваа намена годинава, изнесува два милиона денара. 

Поддршката може да се добие доколку се работи за реконструкција на постоечки кровни покривачи, оштетени и постари од 25 години, сопствениците на станови да имаат регистрирано заедница на сопственици или да имаат избрано управител на станбена зграда, најмалку 70 отсто од становите во зградата да се користат во текот на целата година. свд/сст/


Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан