• понеделник, 16 декември 2024

Финансиската полиција со кривична пријава против едно лице до ОЈО Радовиш за несовесно работење во службата

Финансиската полиција со кривична пријава против едно лице до ОЈО Радовиш за несовесно работење во службата

Скопје, 15 октомври 2024 (МИА) - Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднела кривична пријава против едно лице, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Несовесно работење во службата” казниво по член 353-в, ст. 1 и ст. 4 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Како што денеска сооптштија од Управата за финансиска полиција, пријавениот во својство на раководно службено лице во Општина Радовиш, на крајот на 2023 година, наместо поради неизвршување на работите по склучен договор за изведба на фекална канализација да ја активира банкарската гаранција на правното лице- изведувач за квалитетно и навремено извршување на работите, тој постапил спротивно на законот со што оштетил Буџетот на Општина Радовиш во износ од 107.994 денари.

- Со непреземање на соодветни дејствија согласно Законот, му овозможил на правното лице изведувач да се стекне со корист во износ од 2.051.023 денари. Притоа, истиот овозможил истото правно лице да склучи нов договор со Општина Радовиш за изведба на фекална канализација која што обврска ова правно лице не ја извршило согласно претходно склучениот договор, се појаснува во соопштението. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан