Филхармонија: Во рамки на установата не е спроведен ниту еден оглас за вработување во последните шест месеци
- СООПШТЕНИЕ - Демант на текст објавен во врска со вработувања во Филхармонија
Скопје, 11 јули 2025
На ден 11.07.2025 година на електронски портали објавен е текст, во кој се вели: „Последниот случај во Филхармонијата на Северна Македонија, каде што во последните шест месеци од 18 нововработени само еден е Албанец, и покрај тоа што институцијата ја води Албанец, е јасен доказ дека овој план се реализира со софистицирани методи на дискриминација, дури и таму каде што симболично се поставуваат Албанци на раководни позиции.“
Читајќи ја содржината на наведениот текст, приморани сме да го доставиме овој демант, кој гласи:
„Филхармонија на РСМ ја информира јавноста дека информацијата објавена по порталите е невистинита, од причина што во рамките на установата не е спроведен ниту еден оглас за вработување во последните шест месеци. Имајќи предвид дека не биле спроведени огласи за вработување, во установата не се спроведени 18 нови вработувања, од кои само еден бил Албанец. Сметаме дека ваквата изјава е тенденциозна, со намера да предизвика меѓуетничка нетрпеливост, има политичка цел прибирање на полички поени пред спроведување на локалните избори и директрно да влијае врз угледот на установата и нејзиното раководство.“
Бараме од Вашиот медиум да го објави овој демант согласно законските прописи и Етичкиот кодекс на новинарите.
НУ Филхармонија на РСМ
_________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.