• сабота, 05 октомври 2024

Филозовскиот факултет при УКИМ и Евро-Атлантскиот совет потпишаа Меморандум за соработка

Филозовскиот факултет при УКИМ и Евро-Атлантскиот совет потпишаа Меморандум за соработка
Скопје, 20 октомври 2022 (МИА) - Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, застапуван од деканот, проф. д-р Ратко Дуев, и Евро-Атлантскиот совет на Северна Македонија, претставуван од неговиот претседател Исмет Рамадани, денеска потпишаа Меморандум за соработка. Со овој Меморандум за соработка се дефинираат активностите помеѓу Филозофскиот гакултет и Евро-Атлантскиот совет за учество, соработка и реализација на заеднички проекти, знаења и искуства за евроатлантските цели и вредности, воспоставување на соработка со евроатлантските совети и асоцијации на меѓународно ниво, работа на проекти од областа на промоција на демократските вредности, безбедноста, човековите права, како и издигнување на јавната свест за прашања од комплексот на безбедноста и меѓународните односи. Моделите на соработка се втемелени на платформа на заемна доверба и разбирање која ќе опфаќа низа активности кои се од интерес за двете страни. - Со овој Меморандум за соработка се дава основа кон остварување взаемна размена на информации, знаења и искуства од областите од заеднички интерес, обезбедување квалитетни деловно-стручни услуги за членовите на страните потписнички, како и учество, соработка и реализација на заеднички активности во кои ќе се вклучат професори, студенти од Филозофскиот факултет како и членови на Евроатланскиот совет и нивните меѓународни партнери, се појаснува во соопштението од Филозофскиот факултет. Воедно, ќе се вложат напори со поддршка на институции да се реализираат студиски посети за студентите во седиштата на НАТО и Европската унија во Брисел, со цел да се доближи нивното работење и се разгледаат можностите во иднина за стекнување на искуства и знаења додека студираат како волонтери и практиканти во овие организации и други. Преку потпишувањето на вакви договори, се наведува во соопштението, Филозофскиот факултет - Скопје воспоставува поблиска соработка со невладините и тинк-тенк организации од земјата и странство. цр/сп/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан