• недела, 14 јули 2024

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Крива Паланка

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Крива Паланка
Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) - Филмски фестивал за деца и млади „Џифони патува“ денеска и утре ќе се одржи во Центарот за култура и Европската куќа во Крива Паланка. Филмската програма е намената за учениците од градот и предвидува дводневни активности со прикажување европски филмови наменети за младата публика, кои опфаќаат теми што ја засегаат младата генерација. Филмските проекции ќе бидат проследени со дискусии, а потоа на една од трите понудени креативни работилници, младите ќе ја поттикнуваат својата креативност и ќе се забавуваат. Крива Паланка е дваесет и третата општина каде под името „Џифони патува“ се одржува овој подвижен фестивал. Проектот „Џифони патува“ (Giffoni on Tour) е поддржан од Агенцијата за филм, Делегацијата на ЕУ во Скопје и општина Крива Паланка, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони експириенс“.вј/мд/

Остани поврзан