• петок, 08 ноември 2024

Филков на средба со преставничката на УНИЦЕФ, Милер

Филков на средба со преставничката на УНИЦЕФ, Милер

Скопје, 29 август 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков  денска имаше  средба со претставничката на Детскиот фонд на Обединети Нации - УНИЦЕФ, Лесли Милер, соопшти неговиот кабинет.

Се дискутираше за заедничките идни активности, предизвици и можностите за успешна соработка. Приоритет на заедничка заложба останува целосното остварување на најдобриот интерес на детето согласно Конвенцијата за правата на детето.
Исклучително важно е да се следи имплементација на Законот за правда за децата и да се унапредат капацитетите на сите субјекти во системот за правда за деца во државата. Новиот Закон ја нагласува неопходноста за специјализација на субјектите и во таа насока е потребно да се продолжи со обуките на правните професионалци за третман и заштита децата, жртви или сведоци на насилство и криминал како и  пристапот до ресторативна правда.

Активностите во наредниот период ќе се фокусираат на собирањето на податоци и статистиката согласно Законот за правда за децата , како и поголема ресоцијализација и рехабилитација согласно меѓународните стандарди во оваа област, се наведува во соопштението.

Министерството за правда најави дека ќе продолжи интензивно да работи во парнерство со УНИЦЕФ во процесот за натамошното зајакнување на системот за правда на децата со унапредување на законските решенија за правна заштита.са/

Фото: Министерство за правда

Остани поврзан