• понеделник, 23 декември 2024

Филков - Вал: Поддршка за реформите, јавна расправа за сите закони кои ќе се носат

Филков - Вал: Поддршка за реформите, јавна расправа за сите закони кои ќе се носат

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков денеска остварил средба со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на која се разговарало за тековните проекти на ОБСЕ со Министерството за правда, актуелните случувања во однос на реформите во правосудниот систем и законодавната агенда.

Министерот Филков му се заблагодарил на амбасадорот Вал за одличната и интензивна соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје во областа на правосудството, особено во процесот на подготовка на новиот Кривичен законик и новиот Закон за кривична постапка.

- Исклучително е значајно што Мисијата на ОБСЕ во Скопје овозможи превод на англиски јазик на новиот Кривичен законик, а истото ќе биде сторено и со Предлогот на ЗКП со цел да бидат доставени за мислење до Европската комисија. Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше активно вклучена и во подготовката на Развојната Секторска Стратегија за правосудството 2024-2028, како и во работните групи формирани од Министерството за правда за подготвување на законските измени за Судски совет и за јавно обвинителство. Се планира за сите споменати закони да се отвори широка јавна дебата и расправа со цел јавноста да биде запознаена со понудените решенија, кои дури потоа ќе влезат во постапка за нивно донесување, соопштија денеска од Министерството за правда.

На средбата се дискутирало и за активностите што во наредниот период треба да ги преземе Министерството за правда, како и идните планови што ќе треба да се реализираат со цел да се зајакне владеењето на правото во државата. цр/aa/

Фото: Министерство за правда

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан