• петок, 08 ноември 2024

Филипов за МИА: Преговорите да продолжат, на референдум со поладни глави, поискусни од преговарачкиот процес и со зајакнати институции

Филипов за МИА: Преговорите да продолжат, на референдум со поладни глави, поискусни од преговарачкиот процес и со зајакнати институции
Скопје, 13 август 2022 (МИА) - Во моменталната сложена матрица на севкупните односи во земјата би било најприфатливо постигнувањето согласност во рамките на Собранието, продолжување со преговорите, вложување напори на секоја клетка на општеството за нивно поскорешно завршување, а потоа има мегдани за референдум, вели во интервју за МИА амбасадорот проф. д-р Ѓорѓи Филипов, - Општо е познато дека ние не можеме да се пофалиме со некои големи позитивни искуства од спроведувањето референдуми. Во другите држави најчесто се спроведуваат референдуми откако ќе се постигне двотретинска согласност во Парламентот, па потоа се врши последна проверка на одлуката преку најшироко изјаснување на граѓаните, т.е. референдум. Нашите негативни искуства, од кои ако сме разумни треба нешто веќе да сме научиле, се должат на тоа што барањата за референдумско изјаснување се ставаат на политичка маса откако партиите веќе го „раскарале“ гласачкото тело. Во моменталната сложена матрица на севкупните односи во земјата би било најприфатливо постигнувањето согласност во рамките на Собранието, продолжување со преговорите, вложување напори на секоја клетка на општеството за нивно поскорешно завршување, а потоа има мегдани за референдум, вели Филипов прашан дали е можно одржување референдум по формалното отпочнување на процесот на преговори, на инсистирањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека и ние, по примерот на некои од земјите сега членки на Унијата, можеме да спроведеме референдум пред стапување во сојуз. - Тоа можеме да го направиме и ние, со поладни глави, со ново искуство од преговарачкиот процес, зајакнати институции на државата, подобрено судство, намалена корупција, приближени до европските стандарди и свесноста дека Северна Македонија ќе биде многу посилна кога ќе биде внатре во политичката и економска унија на народите на Европа, каде ни е местото, не само заради географската припадност, ами и заради споделување на заедничките европски вредности, вели амбасадорот Филипов. Во интервјуто за МИА, кое целосно ќе биде објавено утре, Филипов говори и за „францускиот предлог“, за тоа колку навистина историјата е избегната во предлогот, за обвинувањата за цензура на културата, како и за временската рамка кога би можеле да станеме дел од европското семејство. вг/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан