• недела, 22 декември 2024

Тропска бура ги помина Филипините, 14 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето

Тропска бура ги помина Филипините, 14 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето

Манила, 3 септември 2024 (МИА) - Силна тропска бура денеска го напушти северниот дел на Филипините, откако најмалку 14 лица ги загубија животите во лизгање на земјиштето, поплави и надојдени реки, соопштија филипинските власти од секторот за вонредни состојби и природни катастрофи.

Тропската бура Јаги помина покрај градот Паој во провинцијата Илокос Норте и го продолжи својот пат низ Јужното Кинеско Море со ветрови до 75 километри на час и налети до 125 километри на час.

Синоптичарите предупредија дека тропската бура Јаги ќе се интензивира во тајфун додека се движи кон северозапад и делови од јужна Кина, но предупредувањата за тропска бура останаа на сила во повеќето северни филипински провинции, каде што жителите беа предупредени за постојан ризик од лизгање на земјиштето.

Секоја година Филипините ги погодуваат околу 20 тропски бури, од кои многу се претвораат во тајфуни, а најмногу луѓе умираат при лизгање на земјиштето. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан