• сабота, 21 декември 2024

Фидан: Визијата на Турција за членство во ЕУ не е променета

Фидан: Визијата на Турција за членство во ЕУ не е променета

Анкара, 20 март 2024 (МИА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска изјави дека визијата на Турција за членство во ЕУ не е променета и оти земјата „ја гледа својата иднина во Европа“.

Говорејќи на заедничката прес-конференција со неговиот шпански колега Хозе Мануел Албарез во Анкара, Фидан ја потврди решеноста на Турција да стане членка на Европската унија, истакнувајќи дека земјата „ја гледа својата иднина во Европа“.

- Се надеваме дека односите меѓу институциите на Европската унија и Турција дополнително ќе се унаопредат со попозитивна агенда. Процесот на членство на Турција во ЕУ е премногу важен за да се остави на тесните политички агенди на некои земји, додаде шефот на турската дипломатија. јт/

Фото: Анадолија

Остани поврзан