ФИБА Еврокуп: Куманово патува на квалификациски турнир во Холандија, ТФТ гостува во Русија
- Познати се домаќините на квалификациски турнири за Еврокупот кад еќе има и македонски екипи.
Минхен, 24 август 2021 (МИА) – Познати се домаќините на квалификациски турнири за кошаркарскиот Еврокупот каде ќе има и македонски екипи.
Холандскиот клуб Донар Гронинген ќе биде домаќин на А-групата каде е пријавен Куманово. Победникот од четвртфиналето меѓу Куманово и Свонс Гмунден од Австрија ќе игра со Гронинген во полуфиналето. Бенфика од Португалија и романски Волунтари ќе се соочат во другото полуфинале.
Победникот од овој турнир ќе биде сместен во групата Ц од редовната сезона.
Вториот македонски претставник, ТФТ ќе игра квалификации во Ц-групата во Русија. Домаќинот Енисеј Краснојарск во првото полуфиналето ќе игра со израелски Хапоел Хаифа во првото полуфинале. Германскиот Меди Бајројт во второто полуфинале го чека победникот од четвртфиналната пресметка меѓу ТФТ и унгарски Натуртекс-СЗТЕ-Сегед.
Победникот од турнирот Ц ќе го заземе преостанатото место во групата А за редовна сезона.
Турнирите ќе се играат од 28 септември до 1 октомври. зс/