• петок, 22 ноември 2024

Фејсбук и Јутјуб ги отстранија објавите на Болсонаро за вакцините

Фејсбук и Јутјуб ги отстранија објавите на Болсонаро за вакцините
Сакраменто, 26 октомври 2021 (МИА) - Нашата политика не дозволува тврдења дека вакцините против Ковид-19 убиваат или можат да им наштетат на луѓето, рече портпаролот на компанијата Фејсбук. Фејсбук и Јутјуб го отстранија од своите платформи видеото на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, во кое тврди дека вакцините против Ковид-19 се поврзани со развојот на сидата.
И двете компании соопштија дека видеото кое е снимено во четвртокот ја прекршило нивната политика.
„Го отстранивме видеото од каналот на Жаир Болсонаро поради кршење на нашата политика за медицински дезинформации во врска со Ковид-19, бидејќи наведува дека вакцините не го намалуваат ризикот од заразување со болеста и предизвикуваат други заразни болести“, се вели во соопштението на Јутјуб. Иако минатиот јануари рече дека нема да прими ниту една вакцина против Ковид-19, Болсонаро вети дека брзо ќе ги вакцинира сите Бразилци. паг/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан