• петок, 22 ноември 2024

Фестивалот „Звукот на Скопје“ на неколку локации

Фестивалот „Звукот на Скопје“ на неколку локации

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) - Овогодишното издание на фестивалот „Звукот на Скопје“ почнува вечер во Кулпарк, пред Културно- информативниот центар (КИЦ), додека програмата со филмови и изложбите ќе се одржат во Салон 19:19 и галериите на КИЦ.

-Носечката манифестација на Културно-информативниот центар – Скопје „Звукот на Скопје“ оваа година ќе се случи повторно во формат на еднодневен скопски летен фестивал на отворено, на кој ќе настапат актуелни и свежи локални музички имиња, иформираат од КИЦ.

Во рамките на музичката програма ќе настапи овогодинешната победничка на „UpBeat – Best new talent award“ Зарина Првасевда и world music проектот Калевала (Dies Bona).

Визуелниот дел од програмата се состои од три изложби низ галериите на КИЦ и проекција на филмови. Во галериите на КИЦ (Империјал I, Империјал II и Продажен салон) ќе бидат отворени изложбата на фотографии  „Портрети од темната комора“ од Зденко Петровски, изложбата на графики и слики  „Во разговор“ од Петра Јовановска и Вит Павлик (Чешка) и изложбата на фотографии „Урбан пејзаж“ од Рафаел Ристовски.

-„Звукот на Скопје“ значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснa во ново скопско музичко жариште. „Звукот на Скопје“ значи и свеж здив во жешкото и долго скопско лето и обид за заситување на културните потреби на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда. „Звукот на Скопје“ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст, велат организаторите на фестивалот. дма/мд/

Фото: КИЦ

Остани поврзан