• петок, 22 ноември 2024

Фестивалот „Добра идеја 2021“ во четири града

Фестивалот „Добра идеја 2021“ во четири града
Скопје, 13 септември 2021 (МИА) - Фестивалот „Добра идеја 2021“, кој почнува утре, годинава ќе се одржи во четири градa од Републикава во организација на здружението Култи Ватор од Скопје. - Мисијата и целта на овој фестивал, кој се одржува десетина години, се едни и единствени - промоција на млади артисти од македонската музичка сцена и нивната квалитетна авторска музика и мултиетничноста на изведувачите како еден од главните „џокери“ која го прави овој фестивал вистински богат, соопштија организаторите. Фестивалот ќе се одржи во Свети Николе, Гостивар, Скопје и Кавадарци и нивните домови на култура, како и МКЦ-Скопје и ќе настапат преку 30-тина изведувачи. Сите настани започнуваат од 21 часот, а влезот е бесплатен за сите посетители со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19. Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија. мс/са/

Остани поврзан