• понеделник, 04 ноември 2024

Фермин Лопез го продолжи договорот со Барселона

Фермин Лопез го продолжи договорот со Барселона

 

Барселона, 31 октомври 2024 (МИА) – Фудбалерот на Барселона Фермин Лопез денеска потпиша нов повеќегодишен договор со каталонскиот клуб.

Информацијата ја објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, наведувајќи дека Лопез потпишал продолжување на договорот со Барселона до јуни 2029 година.

Лопез (21) дојде во Барселона како младинец во 2016 година и оттогаш за шпанскиот клуб одигра 48 натпревари и постигна 11 голови.

Со шпанската репрезентација оваа година Лопез го освои златниот медал на Европско првенство и на Олимписките игри во Париз на кои беше втор најдобар стрелец на натпреварувањето со шест голови. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан