• петок, 20 декември 2024

Фати се најде во составот на Барселона за прв пат 10 месеци по тешката повреда на коленото

Фати се најде во составот на Барселона за прв пат 10 месеци по тешката повреда на коленото
Барселона, 25 септември 2021 (МИА) – Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати е вклучен во составот на тимот за натпреварот од 7. коло на шпанското првенство против Леванте, соопшти прес-службата на каталонскиот тим. Осумнаесет годишниот Шпанец се приклучи на Барселона за прв пат од 7 ноември 2020 година. Пред десет месеци на натпреварот против Бетис (5:2), фудбалерот се здоби со тешка повреда на коленото, поради што беше надвор од терените. Натпреварот Барселона - Леванте ќе се одигра утре (26 септември), со почеток во 16:15 часот. По пет одиграни средби во тековната сеозна, Барселона има две победи и три нерешени средби. зс/

Остани поврзан