• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Фатени крадци на дело во неготинско

Фатени крадци на дело во неготинско

Неготино, 27 март 2025 (МИА) - Двајца млади од неготинското село Криволак биле лишени од слобода во текот на вчерашниот ден поради кражба, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Вчера во 17 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино ги лишиле од слобода А.М. и А.М., на возраст од 24 и 23 години, двајцата од неготинското село Криволак. Тие биле фатени при обид да извршат кражба во правен субјект во близина на неготинското село Пепелиште, појаснуваат од СВР - Велес.

Кај нив биле пронајдени и одземени предмети со што се обиделе да го извршат делото.

Лицата биле приведени во полициска станица. По документирање на настанот, од СВР - Велес додаваат дека против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/сст/

Фото МИА архива

Остани поврзан