• вторник, 02 јули 2024

Фамелос- Каселакис: Имаме многу работа пред нас и одговорност кон членовите на СИРИЗА

Фамелос- Каселакис: Имаме многу работа пред нас и одговорност кон членовите на СИРИЗА

Атина, 26 септември 2023 (МИА) – Досегашниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА, Сократис Фамелос, избран по оставката на Алексис Ципрас, ќе остане на неговата позиција, како што соопшти новиот лидер на партијата за време на средбата што ја имаа, јави дописничката на МИА од Атина. 

Стефанос Каселакис денеска се сретна со Фамелос во грчкиот Парламент, а двајцата истакнаа дека имаат многу работа пред нив, но и одговорност кон гласачите од СИРИЗА.

-Ни претстои многу работа и самиот го кажа тоа вечерта на изборите кога пристигна во канцелариите на партијата. Имаме многу работа, одговорноста е многу голема. Знаеме дека со колективност, чесност и праведност ќе го сториме она што е правилно за нашата земја и општеството, истакна Фамелос.

Новиот лидер на партијата му порача дека ќе продолжи да ја врши неговата функција како претседателот на пратеничката група на СИРИЗА „секогаш за доброто на земјата“.

-Имаме одговорност кон сите, кон 150.000 гласачи кои ни дадоа доверба, имаме одговорност и овде во Парламентот да работиме, но и надвор, во општеството. Мислам дека ќе создадеме одличен тим, порача Каселакис на средбата со Фамелос. ср/сд/

 

 

Остани поврзан