Фабрегас се откажа од 30 отсто од платата за да му помогне на Монако
- Триесет и две-годишниот играч од средниот ред исто така предложил да не добива надомест за следните четири месеци. Ова привремено ќе заштеди околу 2 милиони евра за клубот од Кнежеството, при
Монако, 27 април 2020 (МИА) - Поранешниот шпански фудбалски репрезентативец Сеск Фабрегас се согласил доброволно да ја намали својата плата за 30 проценти за да му помогне на својот клуб Монако финансиски поради тешката сезона во која се наоѓа поради пандемијата од коронавирус.
Триесет и две-годишниот играч од средниот ред исто така предложил да не добива надомест за следните четири месеци. Ова привремено ќе заштеди околу 2 милиони евра за клубот од Кнежеството, при што Фабрегас конечно се откажа од 500.000 евра.
Шпанецот исто така најави дека ќе го преземе 30 процентното намалување на надоместокот на персоналот во центарот за обука на клубот на свој грб, за да можат да ја добијат целосната плата за време на кризата.
Семејството на Фабрегас е погодено од КОВИД-19, откако неговата 95-годишна баба Флора била дијагностицирана со инфекцијата во специјализиран дом за стари лица во Шпанија.