• сабота, 02 ноември 2024

У17: Два контролни натпревари на македонските фудбалери против Албанија

У17: Два контролни натпревари на македонските фудбалери против Албанија
Скопје, 9 септември 2022 (МИА) – Македонската машка фудбалска репрезентација до 17 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Албанија. Првиот контролен дуел е закажан за в понеделник со почеток од 15. часот на стадионот на ФК Караорман, во Струга, додека два дена подоцна, на распоредот е вториот контролен меч меѓу македонската и албанската репрезентација во Елбасан со почеток од 16. часот. За двата контролни натпревари македонскиот селекторот Вујадин Станојковиќ повика 20 фудбалери: Голмани: Славе Вргов (Академија Пандев), Натаниел Димовски (Пелистер), Амар Хаџибулиќ (Работнички); Одбрана: Андреј Велков (Академија Пандев), Анес Мелиќи (Шкендија), Огнен Дејановски (Македонија Ѓ.П.), Фљакрон Мемиши (Шкендија), Андреј Љубевски (Работнички), Андреј Величковски (Вардар); Среден ред: Мартин Јовановиќ (Македонија Ѓ.П.), Алмир Подграѓа (Работнички), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Мухамед Елмас (Работнички), Никола Манојлов (Работнички), Дарко Сековски (Вардар), Давор Богоевски (Победа), Даниел Коцев (Работнички), Амар Мустафа (Шкупи); Напад: Алтин Алији (Македонија Ѓ.П.), Аган Алиу (Шкупи). ег/дма/

Остани поврзан