• недела, 17 ноември 2024

Уште 20 авиони со мировници пристигнаа од Русија во Нагорно-Карабах

Уште 20 авиони со мировници пристигнаа од Русија во Нагорно-Карабах
Москва, 14 ноември 2020 (МИА) - Русија вчера испрати 20 авиони со 170 припадници на мировните сили во Нагорно-Карабах, соопшти руското Министерство за одбрана. - Во текот на изминатиот ден 20 авиони на воено-транспортната авијација при Воздухопловно-вселенските сили на Русија полетаа од аеродромот Уљановск-Восточни. Авионите на аеродром во Ерменија ќе достават повеќе од 20 тешки теренски возила со приколки, средства за логистичка поддршка и над 170 мировници, се наведува во соопштението на Министерството. Претходно, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека во Нагорно-Карабах веќе се распоредени повеќе од 1.100 руски мировници и извршени се 73 летови. Лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија - Владимир Путин, Илхам Алијев и Никол Пешињан, на 10 ноември потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на борбените дејствија во Нагорно-Карабах. гт/

Остани поврзан