• петок, 22 ноември 2024

Уште два дена попис, попишани 1.619.857 лица во земјава и 198.589 од дијаспората

Уште два дена попис, попишани 1.619.857 лица во земјава и 198.589 од дијаспората
Скопје, 28 септември 2021 (МИА) – Заклучно до вчера во земјава се попишани вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 198.589 граѓани од дијаспората. Денеска е 24-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште два дена пописни активности. Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември. аа/са/

Остани поврзан