• петок, 22 ноември 2024

Ученици од Хрватска на зимски распуст на Пониква

Ученици од Хрватска на зимски распуст на Пониква

Кочани, 26 февруари 2024 (МИА) – Најдобрите ученици од основните училишта од збратимениот хрватски град Крижевци, заедно со нивни наставници се наоѓаат на зимски распуст во Кочани, а сместени се во објектите на планинскиот туристички центар Пониква.

Трошоците за нивното сместување и престој се покриени со средства од буџетот на Локалната самоуправа на Кочани, како дел од долгогодишната соработка на општините од двете држави.

-Во рамки на престојот во Кочани, учениците од Крижевци го посетија и ОУ „Никола Карев“ каде имаа заеднички активности во рамки на одбележувањето на Денот на мајчиниот јазик со своите врсници и наставниците од училиштето домаќин. Во сместувачките капацитети на Пониква пак, хрватските ученици и нивните наставници ги посети градоначалникот Љупчо Папазов и им посака пријатен престој на Осоговските Планини. Тие искажаа благодарност за гостопримството и ги пренесоа убавите впечатоци од дружењето со своите домаќини, информираа од Општина Кочани.

Соработката и збратимувањето меѓу меѓу двете општини е од пред четири децении, а нашите најдобри ученици во летниот период дел од распустот поминуваат на хрватското приморје на сметка на градот Крижевци.

Главни цели на соработката е размена на знаења и запознавање со традициите и културите помеѓу учениците, како и промоција на капацитетите и условите на Пониква заради зголемување на бројот на посетители. та/дма/

Фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан