• вторник, 02 јули 2024

УХМР: Утре во западните делови локален дожд

УХМР: Утре во западните делови локален дожд

Скопје, 28 септември 2023 (МИА) - Утре во западните делови ќе има локален дожд и ретки грмежи. Потоа следува период на стабилно време со умерена облачност, информираат од  Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи од 6 до 16, а максималната ќе биде од 18 до 30 степени.

Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината. 

Фото:МИА архива

Остани поврзан