• понеделник, 17 јуни 2024

Следува период на многу топло време

Следува период на многу топло време

Скопје, 8 јуни 2024 (МИА) – Поради повеќедневно присуство на постабилна воздушна маса во следниот период времето ќе биде натпросечно топло и претежно сончево, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во следните денови ќе има периоди со мала умерена локална облачност, а во попладневните часови и особено во понеделник ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Од почетокот на следната седмица, дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во средината на неделата наместа во југоисточните делови ќе достигнуваат до 40 степени.

Во Скопје и регионот, времето ќе биде многу топло и претежно сончево. Услови за краткотрајна нестабилност има особено во понеделник, а најтопло се очекува на средината од следната недела. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан