• четврток, 08 август 2024

Утре во попладневните и ноќните часови пороен дожд и грмежи

Утре во попладневните и ноќните часови пороен дожд и грмежи

Скопје, 18 септември 2023 (МИА) - Утре во попладневните и ноќните часови на места ќе има појава на пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме, информираат од Управата за хидрометеоролопки работи.

Минималната температура утре ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени.

Од УХМР најавуваат дека и во текот на целата седмица ќе се задржи топло време, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. дма/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан