• сабота, 23 ноември 2024

Утврден предлог законот за основање културно-информативни центри во Белград и Скопје

Утврден предлог законот за основање културно-информативни центри во Белград и Скопје
Скопје, 21 јуни 2022 (МИА) - На денешната 54-та седница на Владата, министрите го разгледаа и утврдија предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Србија за основање културно-информативни центри во Белград и во Скопје.
 Со документот се модулира правната рамка со која се уредуваат правата и обврските на двете држави во однос на работа на културните центри.
Како што соопштија од Владата, културните центри, согласно политиката на добрососедство придонесуваат за популаризација и презентирање на традицијата, културата и уметноста на Република Северна Македонија.
 -Ваквите центри овозможуваат навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во двете држави односно претставува мост за зближување и заемно запознавање, се наведува во владиното соопштение.бт/са/

Остани поврзан