Уставниот суд и Правниот Факултет воспоставија соработка која треба да придонесе и за подигање на кредибилитетот на правосудството
- Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ Сашо Георгиевски денеска потпиша Меморандум за соработка со кој се овозможува воспоставување соработка, размена на знаења и искуства и јакнење на инстититуционалните капацитети, која треба да придонесе и за подигање на политичката и правната култура во државата.
Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ Сашо Георгиевски денеска потпиша Меморандум за соработка со кој се овозможува воспоставување соработка, размена на знаења и искуства и јакнење на инстититуционалните капацитети, која треба да придонесе и за подигање на политичката и правната култура во државата.
Костадиновски истакна дека за него како судија и претседател на Уставниот суд потпишувањето на овој Меморандум е добра вест за Уставното судство, бидејќи цени дека поголемото приуство на науката во Уставниот суд ќе биде од врвно значење, а самиот Меморандум. ќе донесе бенефит за двете инмституции.
-Не случајно како врвен приоритет ја поставив поголемата присутност на науката во Уставниот суд. Прво моја лична оценка беше дека предолго време науката отсуствувапше од УС и тоа е нешто што мора да се поправи. Проф. Георгиевски кажа дека природна и нортмална е врската меѓу ПФ и УС и таа заемна инетракција треба да ни донесе заемена корист особено за прашања од значење за уставното судство, а такви има многу. Втората, мојата лична оценка за состојбите во државата воопшто и за довербата на граѓаните не само во правосудниот систем туку генерално во државниот систем, е ниската политичка, пред се политичка, правна, уставна и судска култура. Ова е една од формите во која ние можеме да соработуваме и за подигнување на таа култура, бидејќи отстуството на таа култура предолго во нашето општество не доведе до оваа состојба. Постојат многу форми за соработка, очекувам плодна соработка и особено ми е драго што токму јас со мојот двоен ментор да ја потпишеме оваа соработка, рече Костадиновски, потенцирајќи дека и ќе направи се во негова моќ да се реализираат сите содржини.
Проф. Георгиевски истакна дека Уставниот суд не е обичен суд, тоа е инстутуција која стои над правниот систем, над уставно - правниот поредок со многу сериозна задача да пополнува прзнини да утврдува насоки и принципи за тоа каде треба да се движи воопшто правото, како да функционира правниот систем и за тоа, вели, на Уставниот суд му е едноставно неопходна и академска база.
-Не случајно Уставните судови во светот во своите редови имаат и претставници од Академијата и истакнати правници кои објавувале трудови и се занимавале со научна дејност. Тука е спојот меѓу нас, ние сме навистина многу заинтересирани за интензивна соработка и да помогнеме во насока на подигнување на прваната култура во рамки на професионалците и надвор од тоа во јавноста, подигнување на авторитетот на обете институции. Ние веќе утврдивме агенда како ќе соработуваме што говори за желбата и подготвеноста за соработка, рече проф. Георгиевски за Меморандумот кој е на иницијатива на Костадиновски и на Уставниот суд.
На новинарско прашање за тоа што опфаќа агендата Костадиновски појасни дека во наредните десетина дена ќе се утврдат теми и дилеми кои ќе бидат во фокусот од сите правни области, а предвидени се и две работилници, една во октомври во Уставниот суд, а втората до крајот на годината на Правниот факултет. Соработката меѓу другото опфаќа и воспоставување програма за волонтирање на студенти во Судот, за спроведување истражувања од студенти на постдипломски и дкоторски студии, заедничко аплицирање за проекти од областа на уставното право и уставното судство, ангажирање претставници од Факултетот при изготвување посебни извештаи, изработка на зборници.
-За мене најважна е да ја слушнеме правната мисла за важните уставно - правни теми и дилеми, кои ни се појавуваат секој ден при работата на секој предмет, на секоја седница. Идејата е да си помогнеме едни на други - правната мисла да ни помогне нас како судии за да го подигнеме и кредибилитетот и угледот на Уставниот суд, но од друга страна и ние да му помогнеме на Правниопот факултет кој е најстрар најемнинентен субјкет во нашата држава, да помогнеме и на негоивот кредибилитет и углед, рече Костадиновски.
Меморандумот за соработка влегува во сила со денот на неговото склучување. вг/са/
Фото/видео: МИА