• петок, 05 декември 2025

Успешно реализирана крводарителска акција во Делчево, собрани 65 крвни единици

Успешно реализирана крводарителска акција во Делчево, собрани 65 крвни единици

Делчево, 7 август 2025 (МИА) – Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево денеска се одржа редовната крводарителска акција предвидена според календарот за месец август.  Во акцијата учествуваа вкупно 65 граѓани, од кои 48 се мажи, а останатите жени. 

Спооред д-р Марија Милчевска од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје посебно е значајно што четворица дарители за првпат се приклучија на оваа хумана мисија.  

-Како и секогаш, имаме солиден одѕив на крводарители. Денеска, според редовниот календар, се одржа акцијата во Делчево, при што 48 мажи и останатиот број жени донираа крв. Задоволни сме и од фактот што четворица нови дарители за првпат станаа дел од оваа благородна акција, изјави Милчевска за МИА.

Од Општинската организација на Црвен крст Делчево упатија благодарност до сите хумани граѓани кои се одзваа на повикот и помогнаа во обезбедувањето на крвните залихи потребни за спасување животи.  

Крводарителските акции во Делчево се реализираат во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, како дел од годишната програма за крводарителство. вс/вј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан