• вторник, 14 мај 2024

Успешно летно искачување на 83 планинари на Титов Врв 

Успешно летно искачување на 83 планинари на Титов Врв 
Тетово, 28 август 2022 (МИА) - По единаесетти пат планинарските клубови „Јелак“ и „Тетекс“ од Тетово денеска успешно го организираа летното искачување на највисокиот шарпланински Титов Врв. Од Попова Шапка до врвот и назад оваа дестинација ја поминаа вкупно 83 планинари. - Одлично време и група. Планината ни дозволи да го искачиме највисокиот врв на Шара. Кога се врати групата на Попова Шапка почна да врне по малку. Уште една потврда дека мора да внимаваме и дека на планината мора да пристапиме со почит. Сите 83 планинари се искачија на врвот и безбедно се вратија назад, информираа од ПК „Јелак“. Од планинарскиот клуб испраќаат повик до сите кои сакаат да другаруваат и да планинарат, да се приклучат на планинарски клуб. ас/ки/

Остани поврзан