• вторник, 13 јануари 2026

Успешна прва крводарителска акција во Делчево – собрани 93 крвни единици

Успешна прва крводарителска акција во Делчево – собрани 93 крвни единици

Делчево, 8 јануари 2026 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст – Делчево денеска успешно ja реализира првата крводарителска акција во новата година, на која беа собрани вкупно 93 крвни единици.

Од ООЦК Делчево информираат дека акцијата поминала во одлична атмосфера и со голем одѕив од хуманите граѓани, што уште еднаш ја потврдува нивната солидарност и подготвеност да помогнат.

– Секоја донирана крв претставува нова надеж и можност за спас на човечки живот. Благодарение на хуманоста на крводарителите, оваа акција претставува достоен почеток на годината, велат од организацијата.

Голема благодарност беше упатена и до медицинскиот тим, како и до сите кои со својот ангажман придонесоа за успешна реализација на акцијата.

Од Црвениот крст – Делчево најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности насочени кон промоција на крводарителството и хуманите вредности.

Во организација на ООЦК Делчево, утре крводарителска акција ќе се спроведе и во Македонска Каменица. вс/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан