• понеделник, 23 декември 2024

Усвоена одлука на Советот на Општина Карпош за наплата на комунална такса по основ организирање на зонско паркирање

Усвоена одлука на Советот на Општина Карпош за наплата на комунална такса по основ организирање на зонско паркирање
Скопје, 10 мај 2022 (МИА) - На денешната седница на Советот на Општина Карпош е усвоена Предлог-одлуката за регулирање на наплата на комунална такса по основ организирање на зонско паркирање на дел од јавните паркиралишта на подрачје на оваа општина. Како што информираат од прес-службата на Општина Карпош, ова значи почеток на процедурата за решавање на проблемот со паркирањето на територија на општината и воведување на зонско паркирање. Директорот на ЈП Градски Паркинг, Бојан Христовски на седницата на Советот даде детални информации во врска со планот на претпријатието, односно организирање на сообраќајот во мирување на територија на општина Карпош, се со цел да излеземе во пресрет на барањата на граѓаните на територија на општината. Христовски информираше околу придобивките, условите и привилегиите т.е. бесплатно паркирање на жителите на општината кои се наш приоритет. Во иднина, истакна Христовски, претпријатието изразува подготвеност за уредување паркиралишта во останатиот дел од општината, по претходно барање од страна на жителите на општината. фф/дма/

Остани поврзан