• петок, 22 ноември 2024

Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце

Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) - Управниот суд вечерва одржува јавна расправа по предметот оформен по поднесената тужба од Коалицијата Европски фронт на Парламентарните избори 2024, против решението Државната изборна комисија на РСМ за прегласувањето на избирачкото место 2101 во село Ларце во општина Желино. 

Управниот суд одлуката за овој предмет се очекува да ја донесе два часа по завршувањето на јавната расправа.  

Управниот суд денеска ја информираше јавноста дека на ден 28.05.2024 година по поднесенa тужба од Коалиција ЕВРОПСКИ ФРОНТ на Парламентарните избори 2024 против Решение УП1 бр. 10-33 од 27.05.2024 година на  Државната изборна комисија на РСМ, оформен е предмет УРП.бр. 95/24.

- Со оглед на роковите за постапување и одлучување, Управниот суд итно ги презема сите процесни дејствија согласно Изборниот законик, наведува Управниот суд во објава на веб страницата.  

ДИК завчера на седница не го прифати приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце каде по прегласувањето, Европскиот фронт загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, а Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.

Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на парламентарните избори 2024, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати. ев/дма/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан