• вторник, 19 ноември 2024

УНИЦЕФ: Помошта за децата во Газа е прашање на живот и смрт

УНИЦЕФ: Помошта за децата во Газа е прашање на живот и смрт

Њујорк, 26 февруари 2024 (МИА) - Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) предупреди дека доставувањето помош за децата во блокираниот Појас Газа е прашање на живот и смрт.

„Обезбедувањето помош на децата во Газа е прашање на живот и смрт“, се наведува во објавата на УНИЦЕФ на социјалната мрежа Х.

Во соопштението се нагласува дека потребата од вода, храна, лекови и гориво во Појасот Газа е многу голема и итна и дека прекинот на огнот би бил најдобриот начин да се спасат жителите на Газа и да се ублажат нивните маки.

Во исто време, Филип Лазарини, генерален комесар на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), рече дека во февруари, количината на хуманитарна помош што влегла во Појасот Газа била двојно помала во споредба со претходниот месец.

Лазарини во вчерашната изјава наведе дека од 23 јануари не можат да достават помош до северниот дел на Појасот Газа, кој од 7 октомври минатата година беше цел на жестоки израелски напади.

Поради опструкцијата на Израел, кому му се суди за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), не може да се достави доволно помош до Газа. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан