Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот на сметководители и овластени сметководители потпишаа Меморандум за соработка
- СООПШТЕНИЕ - Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот на сметководители и овластени сметководители потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова и претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), Весна Прентоска, а неговата основна цел е воспоставување соработка на полето на образованието и науката, заради подигнување на квалитетот и атрактивноста на сметководствената професија.
Скопје, 18 јули 2024
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот на сметководители и овластени сметководители потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова и претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), Весна Прентоска, а неговата основна цел е воспоставување соработка на полето на образованието и науката, заради подигнување на квалитетот и
атрактивноста на сметководствената професија.
Создавањето на нов високостручен кадар и натамошно унапредување на знаењата на постојните сметководители, се крајните цели кои треба да се остварат со овој Меморандум.
Со потпишаниот документ се поставува рамката на идната соработка помеѓу двете институции, со
која треба се овозможи натамошно унапредување на сметководствената професија во нашата земја
и дополнително да се зголеми нејзината атрактивност, особено кај младите. Соработката ќе
подразбира размена на искуства, реализација на активности и проекти во насока на поставување
нови цели и стандарди на професијата, организирање работилници, изведување на практична
обука и стекнување на вештини, со цел унапредување на сметководствената професија, како и
произведување готови кадри во сферата на сметководството, како дел од економската наука.
- Со овој документ нашиот Универзитет ги става на располагање своите навистина богати стручни
капацитети и знаења од областа на економските науки, а истовремено добива партнер кој ја
обединува целокупната сметководствена професија во земјата и претставува мост помеѓу науката
и практиката во оваа област. Тоа е доволна гаранција дека ваквото обновено партнерство
дополнително ќе се зајакнува во интерес на сите сегашни и идни професионални сметководители
и финансиски менаџери во нашата земја, изјави ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и
Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова.
Поздравувајќи го потпишувањето на Меморандумот за соработка со универзитетот со најдолга
традиција во нашата земја, претседателката на ИСОС, Весна Прентоска истакна: „За нас соработката
со високообразовни и научни институции од рангот на УКИМ е особено важна, затоа што преку неа
им овозможуваме на сите професионални сметководители во земјава, кои истовремено се и
членови на ИСОС, квалитетен пристап до знаење и експертиза од областа на економијата,
финансиите, менаџментот и други области, кои им се неопходни за да можат полесно и поуспешно
да ги применуваат најсовремените стандарди во нашата професија и со тоа полесно да напредуваат
во струката, што во крајна линија носи придобивки за нив, за професијата, но и за бизнис секторот
и земјата во целина“.
Покрај ова, ИСОС предвидува во наредниот период да склучи меморандуми за соработка и со други
високообразовни и научни установи во нашата земја, преку чија реализација ќе се овозможи
натамошно унапредување на работата на сметководителите и издигнување на значењето и
вредноста на оваа професијата во општеството.