• сабота, 18 мај 2024

Универзитетот Колумбија започна да брка од настава пропалестински активисти

Универзитетот Колумбија започна да брка од настава пропалестински активисти

Вашингтон, 30 април 2024 (МИА) - Универзитетот Колумбија започна да брка од настава пропалестински активисти кои одбиле да ги соберат шаторите во поставениот камп на територијата на кампусот во Њујорк.

Универзитетот, кој e  дел од престижната Бршленова лига (Ivy league), објави неуспех на преговорите за запирање на поларизирачките протестни акции кои траат веќе со недели.

Претседателката на високообразовната институција, Миноуш Шафик, изјави дека неколкудневните преговори меѓу студентските организитори и академското раководство не ги убеди студентите да ги соберат десетиците шатори поставени како протестна акција а поради војната на Израел во Газа.

Во писмо вчера од таму испратија предупредување до демонстрантите со барање до 14 часот по локално време да потпишат формулар со ветување дека ќе ги почитуваат правилата на универзитетот. Во спротивен случај тие ќе бидат избркани од настава и нема да можат да го завршат семестарот.

-Кампот создаде неповолна атмосфера за нашите еврејски студенти и предавачи, а вревата смета на предавањата, обуката и подготовката за испити, изјави на брифинг прес секретарот на универзитет Бен Чан.

Овој универзитет, кој стана еден од центрите на протестите што се почесто се случуваат на американските кампуси низ САД а поврзано со настаните во Газа, презеде жестоки мерки против активистите.

Во меѓувреме, полицијата на Универзитетот Тексас синоќа уапси десетици студенти кои беа на пропалестинки митинг при што против нив употреби и солзавец. кб/сд/

Остани поврзан