• среда, 20 ноември 2024

Уметничко дело „Вртеж“ од Алексадар Ефтимовски изложено во Градскиот парк - уметноста во функција на подигање на свеста за климатските промени

Уметничко дело „Вртеж“ од Алексадар Ефтимовски изложено во Градскиот парк - уметноста во функција на подигање на свеста за климатските промени

Скопје, 12 април 2024 (МИА) - Во Градскиот парк во Скопје утре ќе биде отворена изложба на која биде претставено интерактивното уметничко дело напојувано од обновлива енергија „Вртеж“ изработено од македонскиот уметник и скулптор Александар Ефтимовски. 

Изложбата е во организација на Мрежата за климатска акција на Европа (CAN Europe), која е најголемата мрежа на организации во Европа посветени на борбата против климатските промени и нивните негативни влијанија врз луѓето и планетата, на начин кој промовира еднаквост и социјална правда.

Мрежата, се посочува, интензивно работи на декарбонизацијата и праведната транзиција на Западен Балкан, со неодамнешен фокус на бариерите за инвестирање во обновливите извори на енергија (ОИЕ), што резултираше со објавувањето на студија за надминување на бариерите за ОИЕ во Северна Македонија и Србија, претходно оваа година.

-Како дел од напорите да се пренесе дискусијата до граѓаните и на локално ниво, како и да се подигне свеста за потребата од транзиција од енергетски систем базиран на јаглен кон обновливи извори на енергија, CAN Europe ќе го претстави интерактивното уметничко дело напојувано од обновлива енергија „Вртеж“ изработено од македонскиот уметник и скулптор Александар Ефтимовски, се вали за изложбата.

Уметничкото дело, како што се наведува, се состои од турбина на ветер изработена од рециклиран материјал што овозможува полнење на струја. За време на јавната изложба што ќе се одржи на утре и задутре во Градскиот парк Скопје, посетителите ќе можат да научат повеќе за потенцијалот за ОИЕ на земјата, така што меѓу другото, ќе го почувствуваат тој потенцијал од прва рака, односно ќе можат да ги полнат своите мобилни телефони преку енергија произведена од ветер.

Изложбата има за цел да ги истакне можностите за искористување на сончевиот и ветерниот потенцијал во Северна Македонија и Србија, како и во поширокиот регион на Западен Балкан, што би резултирало со подемократски, декарбонизиран, децентрализиран и отпорен енергетски микс, без фосилни горива.

-CAN Europe, преку својата сеопфатна студија која ги анализира тековните бариери за спроведување на проекти за соларна енергија и ветер во Северна Македонија и Србија, оцени дека е постигнато одредено ниво на напредок во воспоставувањето на институционалните и законодавните рамки насочени кон зајакнување на користењето на обновливите извори на енергија, но предизвиците во нивното целосно искористување и понатаму постојат, посочуваат резултатите од студијата.

Отворањето на изложбата е од 10:00 до 18:00 часот, во сабота, на 13 април 2024 година во Градски парк Скопје, до езерото Езерце.

По една недела, изложбата од Скопје ќе отпатува во Белград, Србија и ќе биде изложена во паркот Калемегдан викендот на 20 и 21 април 2024 година. вг/нд/

Фото: МИА aрхива

Остани поврзан