Умеров: Набрзо ќе биде именуван народен правобранител за воени прашања
- Министерот за одбрана на Украина, Рустем Умеров денеска изјави дека наскоро ќе биде објавен кандидатот за народен правобранител за воени прашања, кој ќе ги заштити правата на војниците
Киев, 18 ноември 2024 (МИА) – Министерот за одбрана на Украина, Рустем Умеров денеска изјави дека наскоро ќе биде објавен кандидатот за народен правобранител за воени прашања, кој ќе ги заштити правата на војниците.
- Работиме на предлогот за именување воен правобранител. Годинава се фокусиравме да дознаеме колку претставки и тужби се поднесени. Ако не се лажам, обработивме неколку илјади. Во моментов подготвуваме неколку кандидати за објавување кој ќе биде омбудсман за воени прашања, истакна Умеров.
Според него, Министерството има за цел да ги заштити правата на војниците. Умеров ја истакна важноста на соработката помеѓу Врховниот судски совет, другите органи на прогонот и Генералниот инспекторат на Министерството за одбрана. ми/
фото: ЕПА