• петок, 05 јули 2024

Улуташ: Ја преземам командата на КФОР во чувствителен период за Косово

Улуташ: Ја преземам командата на КФОР во чувствителен период за Косово

Приштина, 10 октомври 2023 (МИА) - Новиот командант на КФОР, турскиот генерал-мајор Озкан Улуташ денеска изјави дека командата ја презема во чувствителен период за Косово и дека решително ќе работи на исполнување на мандатот на меѓународните мировни сили на Косово.

Турскиот генерал го замени италијанскиот генерал Анxело Микеле Растуча на местото командант на КФОР.

-Како прв турски командант што ја презеде оваа мисија, ја разбирам важноста на одговорноста што ја презедов. Свесен за одговорноста што лежи на моите плеќи во овој чувствителен период низ кој поминува Косово, ја преземам командата со решеност да ги вложам сите мои напори и искуство за да се осигурам дека оваа извонредна единица ќе служи исто толку успешно во иднина како што тоа го правеше во минатото, нагласи генералот Улуташ. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан