• недела, 17 ноември 2024

Ули Хенес: Баерн му понуди одличен договор на Тијаго, но тој во последен момент се премисли

Ули Хенес: Баерн му понуди одличен договор на Тијаго, но тој во последен момент се премисли
Минхен, 13 септември 2020 (МИА) - Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, проговори за ситуацијата со играчот од средниот ред Тијаго Алкантара. Претходно беше објавено дека тој може да го напушти клубот. - Му понудивме одличен договор, но тој се премисли во последен момент. Веројатно се согласи за условите на договорот со Ливерпул, или со Манчестер јунајтед. Двата клуба не контактираа за Тијаго. Тие блефираат и ја чекаат последната недела од преодниот рок да дадат „поевтина“ понуда. Баерн треба да одлучи дали ќе ја игра својата игра или ќе застане на земја и ќе се држи до неа, изјави Хенес. Претходно исто така беше објавено дека Баерн може да го замени шпанскиот фудбалер во Јувентус со Даглас Коста. Дваесет и деветгодишниот Тијаго Алкантара минатата сезона забележа 40 настапи за Баерн и постигна три гола со две асистенции. Неговиот договор истекува на 30 јуни 2021 година. зс/

Остани поврзан