• вторник, 02 јули 2024

Улицата ,,Белградска" во Берово со нов лик

Улицата ,,Белградска

Берово, 26 октомври 2023 (МИА) – Во рамките на активностите на општина Берово, од Програмата за реконструкција на локални улици и патишта за 2023 година, се асфалтира улица „Белградска“, во Берово, информираа од Општината.

Со реализација на активноста, како што истакнаа оттаму, жителите од овој дел од градот, конечно добиваат соодветна патна инфраструктура до своите имоти и им се олеснува пристапноста

- Дел од улицата, во должина од 358 метри и широчина од 4 метри, претходно е поплочена со бекатон плочки, поставени се бекатонски рабници и одвод за атмосферска вода, а еден дел од улицата се асфалтира, во должина од околу 500 метри, информираа од Општина Берово.

Градоначалникот Звонко Пекевски додаде дека улица „Белградска“ во Берово, долги години наназад, е во лоша состојба, а отсега жителите кои живеат овде, конечно, по нов асфалт, ќе можат да пристигнат во центарот на градот.

За реконструкција на ул.„Белградска“, од Буџетот на општина Берово за 2023 година, ќе бидат потрошени 6.843.709,00 денари. вс/ир

Фото: МИА

Остани поврзан