• недела, 07 јули 2024

Украинскиот министер за надворешни работи ја повика тројката на ОБСЕ да ја посети Украина за утврдување на фактите

Украинскиот министер за надворешни работи ја повика тројката на ОБСЕ да ја посети Украина за утврдување на фактите
Скопје, 19 февруари 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба ги повика шефовите на дипломатиите на Шведска Ан Линде, на Полска Збигњев Рау и на Северна Македонија Бујар Османи итно да ја посетат Украина за утврдување на фактите во рамките на механизмот за рано предупредување на ОБСЕ. -Ja поканувам тројката на ОБСЕ, Ан Линде, Збигњев Рау и Бујар Османи, да оствари итна посета на Украина за утврдување на фактите во рамките на механизмот за рано предупредување, активиран од страна на генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Шмид, минатата недела, напиша Дмитро Кулеба на Твитер. Тројката на ОБСЕ ја сочинуваат актуелниот претседавач (Полска - 2022), претходниот (Шведска - 2021) и идниот (Северна Македонија - 2023). дма/сст/

Остани поврзан