• среда, 26 јуни 2024

Украинската армија го уништи седиштето на Вагнер во Луганск

Украинската армија го уништи седиштето на Вагнер во Луганск
Москва, 15 август 2022 (МИА) - Рускиот новинар Јуриј Котенок на Телеграм објави дека украинската армија го уништила седиштето на руската приватна паравоена организација Вагнер во Поспана. Тој тврди дека седиштето на Вагнер во Луганск е погодено со ракетниот систем ХИМАРС. Во нападот наводно е убиен и Јевгениј Пригожин, еден од клучните луѓе на Вагнер, познат како готвачот на Путин. Но, за тоа нема потврда од независни извори. ми/

Остани поврзан